VAJRAT E KANABISIT NUK
KANË EFEKT PSIKOTROPIK

ПОЗИТИВНИ ЕФЕКТИ ПРИ УПОТРЕБА НА МАСЛАТА
СЕ МАНИФЕСТИРААТ ПРИ:

Состојби при стрес, анксиозност, нервоза, депресија, мускулни спазми;

Против гадење и повраќање, при зрачна терапија кај малигни заболувања;

Ублажува болка од различно потекло;

Превенција од кардиоваскуларните болести, дејствува кардиопротективно;

Регулирање на покачените концентрации на масти и холестерол во крвта;

Регулирање на покачената концентрација на шеќер во крвта;

Мултиплекс склероза, ХИВ и епилептични синдроми во детска возраст.

СКРАТЕНО ВНАТРЕШНО УПАТСТВО

КАНАБИСОЛ CBD (10%, 20% и 30%)  претставува маслен екстракт од растението канабис. Маслениот екстракт e со докажано отсуство на пестициди и хербициди. Екстракцијата се изведува со софистицирана опрема, што обезбедува висок квалитет на маслениот екстракт.

КАНАБИСОЛ CBD (10%, 20% и 30%) масло од канабис содржи примарно CBD (Cannabidiol), но може да содржи и други канабиноиди, како што е CBN (Cannabinol) и CBG (Cannabigerol) и нивните карбоксилни соединенија.

Канабиноидите се врзуваат за рецепторите на ендоканабиноидниот систем CB1 и CB2 и предизвикуваат имуномодулаторен ефект, односно го подобруваат имунолошкиот систем.

КАНАБИСОЛ CBD (10%, 20% и 30%) масло од канабис воедно може да содржи и траги од терпени, омега масни киселини (омега-3, омега-6, омега-9), флавоноиди, фитостероли, аминокиселини, гликозиди, витамини (A, B1, B2, B6, C, D, E, F), пигменти, алкани, азотни соединенија кои се важни во изградба на клетките, метаболистички процеси, одржување на функцијата на многу системи и целосно подобрување на општата здравствена состојба.

КАНАБИСОЛ CBD (10%, 20% и 30%) масло од канабис не содржи THC (9-delta tetrahydrocannabi-nol) и THCA (9-delta tetrahydrocannabinolic acid) или ги содржи во незначителни количини под 0,2%.

КАНАБИСОЛ CBD (10%, 20% и 30%) маслото од канабис може да му помогне на организмот при состојби со малигни заболувања, мултиплекс склероза, ХИВ и епилептични синдроми во детска возраст.

КАНАБИСОЛ CBD (10%, 20% и 30%) маслото од канабис не е замена за стандардната терапија при наведените заболувања.

Позитивни ефекти при употребата на КАНАБИСОЛ CBD (10%, 20% и 30%) масло од канабис се манифестираат и при:

▶ Состојби на стрес, анксиозност, нервоза, депресија, мускулни спазми;

▶ Се користи против гадење и повраќање, посебно за време на хемотерапија или зрачна терапија кај малигните заболувања, а исто така помага и во одржувањето на балансот на цревната флора;

▶ Ублажува состојба на болка од различно потекло порaди неговото противвоспалително дејство.

Може да се употребува и при превенција од кардиоваскуларни болести – помага при регулирање на крвниот притисок, ја подобрува работата на срцето, дејствува кардиопротективно, може да помогне во регулирање на покачените концентрации на липиди и холестерол во крвта, може да помогне во регулирање на покачената концентрација на гликоза во крвта.

КАНАБИСОЛ CBD (10%, 20% и 30%) масло од канабис се зема со капнување под јазикот. Пред употреба, содржината треба добро да се протресе.

Кај возрасните: КАНАБИСОЛ CBD 10% масло од канабис се употребува еднаш до двапати на ден, препорачливо наутро и навечер. Капнете 5 капки под јазикот задржувајќи ги 60-ина секунди пред да голтнете.

КАНАБИСОЛ CBD од 20% и од 30% масло се употребува еднаш дневно, препорачливо наутро.

Капнете 3 капки под јазикот задржувајќи ги 60-ина секунди пред да голтнете.

Кај децата до 14-годишна возраст КАНАБИСОЛ CBD 10% масло од канабис се употребува еднаш дневно.

Капнете од 1-2 капки под јазикот и задржете ги 60-ина секунди пред да голтнете.

Не треба да се надминува препорачаната дневна доза.

КАНАБИСОЛ CBD (10%, 20% и 30%) насло од канабис е погоден производ како за дијабетичарите, така и за приврзаниците на вегетаријанска исхрана.

КАНАБИСОЛ CBD (10%, 20%, 30%) масло од канабис чувајте го на места недостапни за деца!

Рокот на употреба на КАНАБИСОЛ CBD масло од канабис е 18 месеци.

Датумот на истекот на рокот на употреба на КАНАБИСОЛ CBD маслото е означен на пакувањето.

КАНАБИСОЛ CBD од 10%, 20% и од 30% масло од канабис, не смее да се употребува по истекот на рокот на употреба.

КАНАБИСОЛ CBD (10%, 20% и 30%) маслото треба да се чуваа заштитено од светлина, топлина и влага.

По отворањето, производот да се чува во ладилник. Да не се замрзнува!

  • Аптека Галениум Фарм – Зебра
  • Аптека Галениум Фарм – Кисела Вода
  • Аптека Галениум Фарм – Раде Кончар
  • Аптека Галениум Фарм – Лиса Центар
  • Аптеки Алпи Фарм
  • Аптеки Мелиса Крива Паланка
  • Аптека ДНА АННИ Фарм Капитол Мол
  • Аптека ДНА АННИ Фарм Хром
  • On-Line аптека ДНА АННИ Фарм
Pharmacies_0002_Zegin
Galenium Pharm
Alpi Pharm
Melisa Pharm
Anni Pharm