Новости и медиуми

Ни претставува чест и задоволство што се реализираше посета на нашата компанија од страна на претставниците на Фармацевтската Комора, Фармацевтскиот Факултет, веледрогериите и аптеките во Република Македонија. 🇲🇰

Кратката презентација на нашите производи кои се пуштени на пазарот во Република Македонија беа причина за посета на фабриката и споделување на искуствата за производство на течни дозирани форми со највисок GMP квалитет.

НЈСК Холдинг активно учествуваше на Третиот симпозиум „Аптекарска здравствена заштита – Смарт фармацевт модул 3“, каде што одржавме презентација за придобивките и бенефитите на Канабисол – CBD маслото од канабис.

Канабисол – CBD маслото од канабис има широк спектар на позитивни ефекти при употреба, како што се:

  • Состојби при стрес, анксиозност, нервоза, депресија, мускулни спазми
  • Против гадење и повраќање, при зрачна терапија кај малигни заболувања
  • Ублажува болка од различно потекло
  • Превенција од кардиоваскуларни болести, кардиопротективно дејство
  • Регулирање на масти и холестерол во крвта
  • Помага при регулирање на шеќерот во крвта
  • Мултиплекс склероза, ХИВ и епилептични синдроми во детска возраст

Благодарност до организаторите и учесниците!
Ние продолжуваме да се посветуваме на иновациите во здравствената заштита и да ги поддржуваме здравствените професионалци со квалитетни и ефикасни производи.